Позицијата на СДСМ е дека не прифаќаат лидерска средба, зошто се избегнува ќе видиме, времето ќе покаже, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Јас мислам дека ќе се промени таа позиција, јас еве апелирам да се промени. Ние како држава сме во една кризна ситуација и де факто и де јуре е сега ако не сакаат да прифатат зошто немаат капацитет да се справат тоа го кажа и Стево Пендаровски. Оттука разумно е да седнеме како политичари и да се договориме, а потоа да излеземе со заедничка одлука пред граѓаните – кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Тој посочи дека другите политички чинители ја прифатија иницијативата за лидерска средба.
Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните – изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.