Во Германија  во изминатите 24 часа има 67 починати и 1.028 новозаразени. Со тоа, вкупниот број на починати е 3.261.

Но, овие бројки не делуваат загрижувачки за научниците во Германија кои и предлагаат на Владата постепено укинување на корона мерките. Тоа значи отворање на сите училишта,ресторани, градинки и продавници, како и укинување на забраните за патување внатре во државата.

Предуслов за тоа е бројот на заразени да се држи на ниско ниво и да се одржува  хигена и безбедна одалеченост меѓу луѓето, како и задолжителна употреба на маски во јавниот превоз