Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се размислува по истекот на 30. дена, вонредната состојба да се замени со кризна на територија на целата држава. Причина за тоа, вели шефот на државата се економските индикатори кои покажуваат влошување.

Таа дилема ја надминавме минатиот пат. Не е потребно воведување на кризна состојба на целата територија заради економски индикатори кои покажуваат нагло влошување. Собранието е распуштено, нема можност да се свика и во таква состојба не може да направите никаква пренамена на буџетски стапки ниту пак со надворешно задолжување бидејќи и за тоа вие потребно носење на закони или пак менување на постојните. Што се однесува до безбедносното поставување на надлежните институции тие си ја вршат својата работа и нема да им смени ако се прогаси кризна на цела територија, но во однос на економските индикатори вонредната состојба ќе помогне во ситуација кога немате Парламент-одоговори Претсадателот на прашање на „Република“.