Во моментов нема потреба од прогласување на кризна состојба на цела територија на државава, но не се исклучува доколку дојде до таква потреба да се прогласи во наредниот период, истакна вечерва претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност на кој бил информиран за стојбата со коронавирусот во нашата земја.
По речиси два ипол часа на состанокот, министаерот за здравство Венко Филипче реферирал за најновата ситуација за која, како што рече, Пендаровски, вестите се позитивни.
-Во Центар жупа и Дебар има одлична соработка на терен меѓу Армијата и припадниците на Министерството за внатрешни работи како и со локалната самоуправа. Поставеноста на државата е адекватна, ако има потрева можеме да прогласиме кризна состојба, истакна претседателот Пендаровски
Comments are closed for this post.