Листата на сведоци на првообвинетиот во случајот „Рекет“ се намалува. Според наши сознанија,неколкумина од нив кои беа најавени дека ќе сведочат во корист на Бојан Јовановски инсистирале да бидат изземени од листата поради притисок од страна на институциите и од самата на власт.
Ова не е изненадување ако се знае дека и при избивањето на аферата „Рекет’ голем дел од бизнисмените стравувајќи за својот бизнис одбиваа да признаат дека биле рекетирани.
Во досегашниот тек на процесот се уште никој не го поставува клучното прашање-каде се парите од чантата „Луј Витон“.
Медиумите проценуваат дека од бизнисмените досега се изрекетирани околу 20 милиони евра.
Comments are closed for this post.