Во спомен на починатите: Денеска е Задушница

22.02.2020 / 8:04


Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела  поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Позитивни реакции на најавите за нов закон за пушење

пред 2 часа
Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Снегот не може да не изненади

пред 2 часа
Македонија

Запленета гардероба може да се подари само ако е фалсификат и тоа со дозвола на застапникот на оргиналниот бренд и со отстрането лого

пред 9 часа
Македонија

Николоски на терен: Увид на превоите Стража и Пресека – патиштата проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

пред 1 ден
Македонија

Kрушевчани пијат жолта вода

пред 1 ден
Македонија

СДСМ: Само со техничката влада е можен обид за фер избори

пред 1 ден
Македонија

Каква е историјата на Иран

пред 2 дена
Македонија

460.000 граѓани се уште користат фиксен телефон

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски ќе бара лидерска средба за укинување на пржинската влада

пред 4 дена