Имавме навистина убава средба, корисна за повеќе страни. Она што ние како политичка партија можевме да го слушнеме се практично потребите и предизвиците со кои што се соочува ИКТ индустријата во Македонија, соопшти претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што кажа и претседателката Управниот одбор на Комората МАСИТ има изработено една презентација, предлог мерки кои што според нив би требало да бидат дел од идната програма на идната Влада.
Ние едногласно се сложивме овде дека се многу слични на оние мерки кои што идната програма на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги предвиде. Така што имаат дел од тие мерки кои што исто така ќе ги додадеме. Бидејќи како што кажавме и на претходните средби со стопанственици, и на средбата со Стопанската Комора на Македонија програмата се уште ја нема онаа финална верзија, се уште е во работна верзија. Така што сето она кое што цениме дека се вклопува, а истовремено не го доведува во подредена положба ниту Буџетот, ниту државата би требало да биде составен дел од програмата на идната Влада, економската програма и мерките кои што ќе ги предложи идната Влада, истакна Мицкоски.
Јас тука пред се би сакал да ги напоменам оние мерки кои што за нив беа исклучителни важни, а тоа е рамниот данок, напуштање на политиките на прогресивно оданочување, целосно нивно укинување и враќање на рамниот данок во првите 100 дена законско решение за рамен данок од 9%, а година дена потоа и дури до 8% рамно оданочување. Потоа нула проценти данок на млади лица до 29 години, бидејќи денеска добивме и информација дека студенти на Универзитетите во Македонија кои што се идни ИКТ инженери се некаде отприлика околу 4 ипол илјади, односно 4.700. Ако таа бројка пред неколку години се мереше во стотици денеска ги мериме во илјадници. А, самиот развој на човештвото и самата еволуција на модерните текови наведува некако кон тоа да размислуваме многу посериозно, да стимулираме ИКТ индустријата. Бидејќи не само во Македонија туку и во светот практично развојот и модернизацијата на општествата се императив. Ја споменавме дигитализацијата, ја споменавме трансформацијата на министерството за администрација и ИТ во министерство за дигитализација, она кое што исто така претставува еден од основните столбови во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.