Македонските навивачки групи заеднички сплотено ќе навиваат за фудбалската репрезентација на дуелот против Косово, полуфиналниот меч од Лигата на нации, на 26 март во Скопје. „Комитите” преку соопштение повикаа на заедничко македонско кортео, од плоштадот Македонија, преку улиците на Скопје, па се до стадионот.
Историско сплотување на сите Македонски навивачки групи под Македонското име и знаме, по повод историскиот натпревар против Косово, кој значи чекор до најголемиот успех на Македонскиот Репрезентативен фудбал.
Немаме никаква пречка да го наполниме Градски стадион до врв и со заедничко громогласно навивање ја понесеме нашата репрезентација до финалниот натпревар, и само чекор до остварување на најголемиот сон на сите Македонски навивачи – Пласман на Европско првенство.
Експлозијата од громотевици ќе биде повторно како некогаш на Западната Трибина! Па затоа ве повикуваме сите да ја исполниме цела трибина и како една компактна црвено-жолта армија создадеме атмосфера која ќе се памети и прераскажува.
За Македонија Единствени – Многупати сите ние сме ја промовирале оваа идеа, но дојде време тоа да го докажеме и на дело.
Comments are closed for this post.