Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на експаравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014 година.
Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти.
Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.
Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.
Евентуалното барање политичка помош на експремиерот од луѓе обвинети за тероризам би требало сега да предизвика продлабочување на истрагата од страна на надлежните институции. Во меѓувреме Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа. Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на властите, помеѓу судската и политичката, а токму на заткулисниот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се потпира македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност, пишува „Ла верита“.
Никола Груевски уште во 2014 г. почна да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев отпочнуваше да се фали поради поддршката од Европската унија, од САД и од Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е доволно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и името, Груевски за да си го гарантира спасот, почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот. Видеото од 2015 г. достапно на интернет, од средбата каде што Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали, докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена.
Неговото бегство, непопречено од ниту една институција, со коешто го остави македонскиот народ осамен против уцените и притисоците коишто ги објавивме минатото лето, е само епилог на една типична размена на услуги коишто доколку се сака да се избегнат, државата мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа, завршува Гајсер во третото најавено продолжение на аферата „купопродажба на гласови на изборите во 2014 година“.
Comments are closed for this post.