Папата Франциск се моли за луѓето заразени со новиот коронавирус, како и за успех во напорите на властите да се справат со заразата, пренесува БГНЕС.
“Се молам за луѓето кои се разболеа од корона вирусот во Кина. Господи, прими ги во мир починатите, помогни им на кинеските власти во нивната борба против заразата”, рече поглаварот на Римокатоличката црква во проповедта во неделата верниците се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Уште на 31 декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за присуство на појава на досега непознат вирус во градот Вухан, кој се наоѓа во централниот дел на земјата. Потоа, експертите ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.
Надвор од Кина, веќе има заразени во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Франција, Австралија и Малезија.
Според најновите официјални бројки, заразените во Кина се веќе 1975 година, а 56 лица починале.
Comments are closed for this post.