Со ближењето на зимата се повеќе се зголемува загадувањето во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево. Загадување достигнува такво ниво што босанската престолнина се приближува до главниот град на Кина, Пекинг, кој со години е при врвот на листата најзагадени градови на светот.

Ваквата алармантна динамика на зголемување на аерозагадувањето во градот ја посочија и од американската амбасада во Сараево, на чијшто официјален твитер профил објавија дијаграми на движењето на загадувањето во главните градови на Босна и Херцеговина и на Кина.

Сараево и Пекинг се рамо до рамо по квалитетот на воздух, бројките зборуваат сами за себе – напишаа од амбасадата.