Горан Пандев во интервју за „Ил Секоло“ вели дека има два сонови.Тоа е пласман со македонската репрезентација на Европското првенство и  опстанок со Џенова во Серија

„Играм за Џенова, најстариот клуб во Италија, а ова е навистина ‘жешка’ околина. Не е возможно, а да не давате сè од себе. Имам играно во големи клубови порано, но луѓето на стадионот ‘Луиџи Ферарис’ можат да ви дадат екстра мотив. Мораме да избориме опстанок во Серија А. Сакам да ја завршам кариерата во Џенова и со изборен пласман на Европското првенство во лето со Македонија. Со нациоаналниот тим во март имаме плеј-оф против Косово, тоа ќе биде натпревар на животот. Но, сега размислувам само на Џенова, во овој дрес се бориме за живот секој викенд. Имам малку лутина во себе, да завршам со кариерата вака би било многу лошо, не сакам ниту да размислувам на испаѓање од Серија А. Навивачите и клубот не го заслужуваат тоа. Сакам да завршам со кариерата како што треба, на висока ‘нота’“, вели Пандев.