Најмалку 41 човек загинаа, а над 200 други се ранети при различни инциденти и неколку бомбашки напади во Авганистан, каде во текот на денот се одржуваа парламентарни избори.
Авганистанското Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на денешниот ден во целата земја имало вкупно 192 напади и инциденти.
Најсериозниот напад се случил пред едно избирачко место во авганистанскиот главен град Кабул, при што загинале меѓу 13 и 19 лица. Меѓу жртвите на нападот, што го извршил бомбаш самоубиец, има цивили и полицијаци.
Во други напади и инциденти во Кабул и во провинциите Нангархар, Тахар, Гор и Кундуз загинаа уште најмалку 28 лица.
Досега никој не презеде одговрност за нападите, но властите оценуваат дека тие се дело на талибанските бунтовници со цел да се попречи изборниот процес.
Парламентарните избори денеска се одржаа во сите авганистански провинции, освен во Кандахар, каде гласањето е одложено за една недела поради убиството на локален полициски началник.
Multiple explosions hit #Kabul polling centres pic.twitter.com/rD0OCqHDGA
— Ruptly (@Ruptly) October 20, 2018
#Afghanistan?? election: Multiple blasts reported at #Kabul polling stations
Several explosions have sent voters fleeing from polling stations across the Afghan capital, Kabul, as the country holds long-delayed parliamentary elections. The Taliban has vowed to disrupt the vote. pic.twitter.com/7mo8uesXCO
— Ashraf Baloch? (@ASJBaloch) October 20, 2018
Comments are closed for this post.