На македонската трпеза најприсутни лебот, јајцата, пилешкото и компирот

31.12.2019 / 13:22


Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење, биле најчестите продукти на трпезата на македонските граѓани во изминатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии.

Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми леб, 675 парчиња јајца, 46,5 килограми пилешко месо, 19,8 килограми макарони, 25,7 килограми ориз, 23,7 килограми сирење, 97,4 килограми компир, пиперки 60,7 килограми.

Се пиеле 23,9 литри млеко и 47,3 литри јогурт.

Од пијалаци граѓаните најмногу консумирале минерална вода 93 литри, безалкохолни пијалаци 90,6 литри, природни овошни сокови 2,1 литри. Од алкохол најмногу се пиело пиво 36 литри, вино 5,6 литри и природна ракија 1,5 литар.

Кафе едно домаќинство годишно трошело 8,1 килограм, додека какао 0,7 килограми.

Млечно чоколадо во едно семејство просечно се јаде 4,1 килограми, бонбони 1,6 килограм, сладолед 3,2 килограми, мед 2,4 килограми, мармалад 1,9 килограм.

Грав трошат 20,5 килограми, морков 12,8 килограми, спанаќ 7,1 килограми, зелка 34,6 килограми, краставици 27,5 килограми, тиква 3,9 килограми…

Ајвар како традиционално јадење просечно домаќинствата трошат 1,1 килограм.

Од овошје најмногу се јадело лубеница 44,9 килограми, јаболка 41,8 килограм, потоа портокал 30,9 килограми, банани 28,5 килограми, грозје 20,5 килограми, праски 10,8 килограми, сливи шест килограми, круши 2,8, киви 2,1, кајсии еден килограм…

Јогурт просечно во домаќинствата се пиело 47,3 литри, кисело млеко 17,7 литри, млеко тетрапак 101,1 литар и 23,9 литри млеко. Урда се јадело 10,5 килограми, додека кашкавал 12,1 килограми.

Виршли се консумирале 4,7 килограми, салама посебна 6,7 килограми, говедска печеница 0,5 килограми, паштета 3,3 килограми.

Од риба граѓаните најмногу користеле ослиќ 16,7 килограми, свежа пастрмка 1,8 килограм, свеж крап 0,5 и црвеноперка 0,4 килограми.

Пилешко месо се јадело 33,7 килограми, пилешки стек 12,8 килограми, јунешко месо без коски 15,7 килограми, телешко месо со коски 1,8 килограм, телешко месо без коски 5,4 килограми, свинско со коски се трошело 12,7 килограми, свинско без коски 10,9 килограми, јагнешко 1,7 килограм, јунешки џигер се консумирал 0,7 килограми, пилешки 2,3 килограми.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат

пред 2 дена
Економија

Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра

пред 4 дена
Економија

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра

пред 5 дена
Економија

Mицкоски: Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите

пред 6 дена
Економија

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%

пред 6 дена
Економија

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

пред 1 нед.
Економија

Владата утре со мерки за горивата

пред 1 нед.
Економија

Голем скок на цените на горивата, еве колку

пред 2 недели
Економија

Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

пред 2 недели
Економија

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

пред 3 недели
jojobet girişjojobetJOJOBET GİRİŞgamdomCasibom