Мицкоски: Поставувањето врвен професионалец на чело на МВР не е природна средина за челниците на Власта

29.12.2019 / 20:28


Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што напиша тој на фејзбук, тоа што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце.

– Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.
Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова.
Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија – напиша Мицкоски.

Тој изрази благодарност што многумина чесни луѓе изразиле поддршка за пристапот при изборот на кандидат без ниту една црна дамка во кариерата и истакна дека тоа го охрабрува во партијата да продолжат со заложбата за борба против корупцијата, криминалот и мафијата која е спрега на политика, криминализиран дел од полициското подземје и бандитите на улиците кои одработуваат за власта.

Мицкоски истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ и тој како нејзин претседател, веруваат во професионалците кои се дел од нашите институции, во чесните луѓе кои се разочарани од оние кои гледаат на политиката низ призма на само личен интерес и воедно имаат надеж дека доаѓаат луѓе кои ќе се борат за да сето ова го променат и да вратат ред и поредок во државата.

– Знам дека вакво едно решение ја избезумува власта и нејзините перјаници кои треба да знаат дека допрва ги чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле спрема законите и народот на Македонија. Затоа ја повикувам Власта да не ги одложува работите, кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми.
Вистината зошто го оспоруваат нашиот предлог за технички министер за Внатрешни работи треба да се бара во истата причина зошто претходно пуштија над сто закони во Собрание, повеќето за заштита на личните и лукративни интереси на врхушката на власт, или пак во тоа што го одбија предлогот за превремена ратификација на протоколот за членство во НАТО. Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката – порача Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

пред 3 часа
Македонија

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште

пред 1 ден
Македонија

За четири години реконструирани се патишта во должина од над 770 километри, модернизирани се над 400 училишта

пред 1 ден
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претстојните избори, а градоначалниците треба да бидат транспарентни и одговорни

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Покажавме дека работиме за секој еден човек, ги вративте општините на вистинскиот пат, одговорно и посветено

пред 1 ден
Македонија

Секоја чест: На Клиниката за ортопедија кај 64-годишен маж е извршена најсложената трансплантација на коска досега

пред 2 дена
Македонија

Добра вест: Одложен стартот на ETIAS системот со кој ќе требаше да плаќаме 20 евра при влез во земјите од ЕУ

пред 2 дена
Македонија

Денеска се отвараат понудите за трет мобилен оператор

пред 2 дена
Македонија

Бујаре, дали би потпишал таков договор со Бугарија да се работеше за Албанците?

пред 3 дена
Македонија

Ќе направат ли двата потписи за независните кандидати проблем за регуларноста на изборите?

пред 3 дена