Во вечерашното интревју на ТВ Kлан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето од водителот дали имаат план Б доколку нема избори на 12 април тој изјави дека ќе има избори на 12 април, а доколку нема СДСМ ќе се соочат со граѓаните.
Ќе се соочат со гневот на народот и гневот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А – нагласи Мицкоски.
Во понатамошното интервју Мицкоски истакна дека на граѓаните ќе им биде понудено алтернатива и иднина на следните парламентарни избори.
Перцепцијата на граѓаните е дека овие лажат за да крадат. Таква е перцепцијата помеѓу народот, е сега тоа ние ќе го смениме, ние не треба да имаме компромиси со правото и нема да имаме – заклучи Мицкоски.
Comments are closed for this post.