Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо ги загуби нервите на крајот на дуелот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед. Иако неговиот тим ја имаше победата в раце, примија гол во последните секунди за конечни 2-2.


За време на прославата на домаќините еден од стручниот штаб на менаџерот Сари помина покрај Мурињо и нешто му дофрли.Тоа беше повод Жозе да збесне и мораше да интервернира обезбедувањето.

На патот кон соблекувалната беше поздравен  со свирежи и од публиката но тој им отпоздрави со кренати три прста, како потсетување колку титули освои на Стенфорд Бриџ.

Бритнанските медиуми објавија дека повеќе играчи на Челзи ргнале кон Мурињо во тунелот кон соблекувалните, но стјуардите спречиле евнтуален инцидент.

По мечот „Посебниот“ изјави дека Манчестер бил подобар тим на теренот во меч кој траел 98 минути.