Реал Мадрид го доживеа четвртиот пораз во пет мечеви по ред и постави неславен рекорд со поразот од Леванте на домашен терен. На „Сантијаго Бернабеу“ „кралевите“ се поразени со 2:1, иако во судиското продолжение можеа да примат уште еден гол.

Сега Реал а на петто место на табелата, а тренерот Хулен Лопетеги е под дополнителен притисок.

Леванте на одмор замина со водство од 2:0 со головите на Луис Моралес во 13 мин. и на Роџер Марти од пенал. Надежта за Реал ја врати Марсело кој даде убав гол во 72. минута, но на крај домаќинот не успеа да ја спаси честа барем со реми.