Српските медиуми ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Сумите се вртоглави и се движат од 30.000 до 100.000 евра. Според „Курир.рс“, најмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.Чола ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот во Скопје. Босанскиот пејач за 100.000 евра ќе ги забавува Скопјани.
Организатор на настапот на Мерлин е град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје.
Comments are closed for this post.