Една од најголемите ѕвезди во поранешна Југославија, Лепа Брена одржа голем концерт во Загреб. Во загребската арена се собраа околу 20.000 нејзини фанови кои во еден глас ги пееја нејзините хитови. Кулминација настана кога Брена ја испеа „Јас сам Југословенка„ а публиката со воодушевување ја прифати.