Нов протест

Владата е крајно несериозна,обвинија вработените во „Еурокомпозит“

10.12.2019 / 15:21


Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блокада на улицата пред компанијата денеска ги продолжија протестите изразувајќи незадоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат протест во Скопје.

Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот, изјави дека не веруваат оти има иднина за фирмата поради, како што потенцира, односот на Владата е крајно несериозен и по последната средба со владините претставници од пред 10-ина дена одговорноста се префрла од едни на други“.

-Повеќе од три години се обидуваме да се најде решение за „Еурокомпозит“, но Владата е крајно несериозна, па, најверојатно, нема решение за нашава фирма. Со последниот разговор што го имавме со претставници на Владата, не го решивме проблемот и мислиме дека нема конечно решение за „Еурокомпозит“. Или нека се затвори, или конечно нека проработи, изјави Богданоски.

Тој додава дека од јануари досега им биле исплатени мали делови од заостанати плати и всушност, немаат плата за овие месеци и не им се исплаќа здравствено осигурување.

Според Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“, директорот не си ја врши работата и затоа вработените бараат негова оставка.

-Побаравме оставка и од овој директор кој, очиглено, ништо не прави за работите да се поместат од статус-кво ситуацијата. Кажува дека има работа, а всушност немаме никаква работа, рече Јагуриноски.

Во „Еурокомпозит“ 154. вработени беа прогласени за технолошки вишок и според законот што беше усвоен од Парламентот, на сите им се иплаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, додека 60-ината вработени чекаат инвеститор и извесна иднина.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Дизелот поевтинува за 4,5 денари

пред 2 дена
Економија

Мицкоски: Економските резултати пристигнуваат – растат БДП, индустријата и туризмот

пред 2 недели
Економија

Славески смирува: Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра

пред 2 недели
Економија

Николоски: Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти

пред 2 недели
Економија

Нафтата отиде над 100 долари

пред 2 недели
Економија

Од скромни 1,6% раст во 2024 година до 4,3% во 2026 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија

пред 3 недели
Економија

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти до крајот на годината

пред 4 недели
Економија

Мицкоски: Имаме раст на индустриско, стабилизирана инфлација, но опозицијата жали и тагува зошто Македонија оди напред

пред 4 недели
Економија

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

пред 4 недели
Економија

Мицкоски: Очекуваме да продолжи растот на БДП и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто

пред 4 недели
pusulabetjojobetextrabetextrabetjojobetMarsbahiscasibomcasinoroyaljojobetjojobet girişmadridbetjojobetholiganbetjojobet girişmadridbet girişbahsegelfixbetfixbet girişjojobet giriş