Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во изјава за агенцијата ИНА нагласува дека за Албанците е најдобро да гласаат за ДПА, а ако не го направат тоа, подобро да ја гласаат директно СДСМ, а не преку другите партии како што се ДУИ, БЕСА кои немаат политичка автономија.
Тој убедува дека ДПА не е во коалиција со ниту една партија, бидејќи неколкуте обиди со албанските партии резултирале како неуспешни. Лидерот на ДПА овие коментари ги даде за време на последното изборно собрание на тетовскиот огранок.
-Сме се обиделе, но секако не резултирале како неуспешни преговорите со неколку албански партии. Јас денес генералната порака која ќе ја дадам ќе биде, Албанците, или СДСМ или ДПА, бидејќи ако ги гласаме овие другите партии тоа ќе биде индиректен глас, затоа подобро е директно СДСМ. ДУИ, БЕСА и другите се партии кои немаат политичка автономија и верувам дека ќе има коректно натпреварување помеѓу СДСМ и ДПА кај Албанците, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Comments are closed for this post.