Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, во зависност од тоа кога Шпанија ќе може да го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО. Во интервју за „360 Степени“, Шекеринска вели дека таа опција засега не се дебатира, но дека не е целосно исклучена.
Во моментот кога ќе ги имаме сите податоци тогаш треба да носиме одлуки. Се помеѓу ќе биде шпекулирање – што би било кога би било. Прв приоритет ни е тоа што тешко го спечаливме да не го испуштиме од рака. На сите членки на НАТО им се јавувавме, ги молевме по специјални процедури да забрзаат со ратификациите и неодговорно ќе биде тогаш кога топката ќе прејде на наша страна од теренот, ние да кажеме: сега сме ние на пауза три-четири месеци, вели Шекеринска.
Comments are closed for this post.