Oткако хрватскиот суд и го одзеде старателството, Северина пиша писмо до синот Александар во кое на детски начин пишува зошто ги разделиле.
Знаеш сине ова е само хартија што некој ја напишал која за нас двајца не вреди. Не одзедоа еден од друг физички но само тоа и можеа. После седум и пол години му дадоа да те гледам 88 пати месечно..Еј тоа се сепак 88 часови. Можеа и помалку за да не повредат. Но знаеш што можеме за 88 часови.Чуда. Ми дадоа два пати месечно да можам да преспијам со тебе и да те успијам.Еј, колку можеме да се изназборуваме за тие две вечери не можат ни да замислат.Сите други вечери мама ќе те замислува Можат да ми забранат се но не и да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е само грд сон и мама ти ветува дека брзо ќе се разбудиме и ќе се заспиваме секоја вечер а за тоа ќе одлучува „господинот време“.Мама е секогаш со тебе и ова ќе помине. Вчера не стигнав да ти објаснам што се случи, имавме поважни работи, Гледавме“Toy story 4”,па печевме палачинки,немаме време за тага и објаснување.Морав да те однесам, но одевме со насмевка. Тие чудни зборови ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и си играсо нас. Таа тетка е на повисоко ниво на играта. Воведе ново правило во играта која се вика „хрватско правосудство“. Тоа се нејзни правила не наши. Само ти биди добро.Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека. И прости им бидејќи не знаат што прават-напиша пејачката.
.
Comments are closed for this post.