ВМРО-ДПМНЕ: Oдлукатa на Уставниот суд е јасен показател дeкa целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ

29.11.2019 / 14:02


Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира, укажуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Тие потсетуваат дека иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување.

 Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт.

Дали е ова цената за продажбата на Македонија? Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми кои треба да го оттргнат вниманието од криминалот и корупцијата што во моментов ја пустошат Македонија.

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Претседателката Сиљановска на чело на македонската делегација за Св.Кирил и Методиј во Рим

пред 3 часа
Македонија

Денеска лето, 31 степен

пред 4 часа
Македонија

Kaja Kaлас во официјална посета на Македонија

пред 4 часа
Македонија

Каја Калас денеска во Скопје, ќе има ли план „Б“ за Македонија како за Украина?

пред 6 часа
Македонија

Уште тоа ни требаше: За прв пат се потврдени два случаи на мајмунски сипаници

пред 14 часа
Македонија

Филипче се јави, навистина се јави: Загрижен е за капиталнните инвестиции

пред 17 часа
Македонија

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

пред 18 часа
Македонија

Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

пред 19 часа
Македонија

Претседателката Сиљановска се слушна со Зеленски: Изразена поддршка за крај на војната

пред 20 часа
Македонија

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

пред 20 часа