Премиерот Бојко Борисов изјави дека ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ и НАТО треба да заборави на антибугарската реторика, пишува софиски Дневник.
Вчера имав средба со таканаречените сестрински партии и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ме увери дека пристапувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ и НАТО е приоритет за ВМРО. Јас настојував тоа да биде декларативно, зашто за да може една држава сигурно да чекори кон двата сојуза, сите партии треба тоа да го декларирале и прифатиле, информираше премиерот на Бугарија пред новинарите во Хрватска, каде што присуствуваше на конгресот на Европската народна партија.
Според премиерот, антибугарската реторика во Северна Македонија не само што треба да биде забранета, туку и да се убедени дека таа не е правилна.
-Ние не сме биле окупатор на никого. Фашизмот ја преплавил тогаш цела Европа и таква етикета да и се лепи на Бугарија никогаш нема да дозволам. Читањето на историјата е такво, какво што историчарите го кажале и какво што ние со векови сме го перцепирале. Ако сакаат да одат напред, јасни се европските перспективи и вредностите, што ги споделуваме и таа е една од нив. Тоа го слушнале од мене не само на таканаречените двострани средби, туку и пред раководството на проширениот состав на раководството на ЕНП синоќа. Уште еднаш го повторив во нивно присуство и направив тоа да го декларираат. Така што од сега, па натаму се надевам да биде почитувано, коментираше Борисов.
Comments are closed for this post.