Со молотови коктели и камења, група непознати лица нападнале единица на специјалната грчка полиција, како и полицајци од единицата со мотори, при што повредени се тројца полицајци, а 16 лица се приведени од кои еден уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот се случил доцна синоќа во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти и доста често маскирани лица со молотови коктели ја напаѓаат полицијата.
Повредените полицајци, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, биле пренесени во болница, а уапсено е 27 годишно лице. Неофицијално, уапсениот е член на анархистичката група „Рубикон“.
Comments are closed for this post.