Америка му врти грб на Европскиот проект. Време е за будење, предупредува Емануел Макрон во интервју за британски „Економист“, додавајќи дека од САД веќе не може да се очекува да ги бранат земјите членки на НАТО.
Она што во моментов минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа е на работ на бездна, вели францускиот претседател.
Тој додаде дека Европа мора да започне да размислува стратешки за себе како геополитичка сила.
Во спротивно, Европа повеќе нема да ја контролира сопствената судбина, рече Макрон.
Макрон додаде дека досега Америка и Европа имале заеднички интереси и дека тој неуморно работеше на одржување на добри односи со претседателот Доналд Трамп.
Но, според него Америка за прв пат има претседател кој „не ја споделува нашата идеја за европски проект“ и тоа, дури и ако Трамп не победи на следните избори, историските текови ги го направија своето и ги разделија старите сојузници.
На прашањето дали верува во ефективноста на член 5 на НАТО или во идејата дека во случај на напад врз членка на НАТО, ќе им дојде помош на сите други земји-членки, за кои многу аналитичари сметаат дека се главното средство за спречување на напад врз членките на НАТО, Макрон одговори:
Не знам. Но, што ќе значи член 5 утре?
Comments are closed for this post.