Ангажманот на Ленче Николовска во Владата на Република Северна Македонија како посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство е прекинат на 1 ноември 2019 година. Николовска на нејзино барање, донесе одлука да го заврши ангажманот како советничка и да им се посвети на земјоделците во друга форма. Таа ќе биде вклучена во земјоделски проекти надвор од Владата и на тој начин ќе им помага на земјоделците и агробизнисмените и државата, велат од Владата.
– Во периодот кога е прекинат ангажманот на Николовска нема прекин на ангажмани на други советници од Канцеларијата на претседателот на Владата на РСМ. Од Генералниот секретаријат во истиот период има само едно спогодбено преземање и тоа од ГС во друга институција, што значи дека не се точни дезинформациите дека имало поголема група вработени кои го прекинале својот ангажман во Владата.Договорите на сите советници и државни службеници во Владата се потпишуваат лично од страна на секој од вработените и од страна на Владата, а се во целосна согласност со одредбите од Законот за работни односи, соопштуваат од Владата.
Comments are closed for this post.