Иднината е во нашите и во вашите раце. Да не ја губиме надежта бидејќи Европската унија има потреба да работи заедно со Северна Македонија да се направи се за таа да биде членка и да учествува во изградбата на нова Европа, порача денеска во Скопје претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Тој при денешната посета на Скопје рече дека Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија сметаат дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека ќе успеат да ги надминат сомневањата на малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање.
– Ние сме убедени дека Северна Македонија е подготвена да ги започне претстапните преговори за членство. За да го направи тоа, Северна Македонија направи многу жртви, многу реформи и промени во Уставот, дури го смени и името за да се дојде до дијалог со другите држави. Од страна на малку држави имаше резерви и ние сме убедени дека ќе успееме да ги надминеме нивните сомневања, истакна Сасоли пред средношколците кои учествуваа на дебатата „Визијата на младите за ЕУ“.
Comments are closed for this post.