Државата е разурната, опљачкана, разграбена, понижена, осиромашена во овие речиси години откако СДСМ и Зоран Заев се во Владата. Мислиме дека врз основа на целокупната навигација што ја добиваме од терен и сите оние разоговори што ги водиме во нашите теренски активности во рамки на кампањата Обнова на Македонија, мислам дека обновата е неопходна за да го ресетираме општестевтото, рече лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Плус за време на посетата на Куманово.
Според него треба да се направат многу работи.
-Сето ова што кажав, а што беше негативна појава треба да го поправиме да го корегираме. Мислам дека е неопходна таа обнова и од она кое го добивам од терен како информација граѓаните се очекува обновата да се случи час поскоро за волја на вистината и очекувањата се големи зошто зад нас ќе останат сите оние нерелизирани ветувања, посочи Мицкоски.
Comments are closed for this post.