„За да задржите стручен кадар треба да го платите во спротивно лекарите ќе заминуваат, вели претседателот на самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Горан Беговиќ, во интервју за Лидер.
Членовите на синдикатот бараат тоа што Владата им го ветила во програмата 2017-2020 година, меѓу најважните работи дека лекарската плата ќе биде 100 илјади денари.
-По колективниот договор кој и министерот Филипчр го знае и има имаме 44.517 денари основна плата на доктор специјалист и сме далеку од тие бројки за кои од власта тврдат дека ги оствариле, вели Беговиќ.
Додава дека дежурствата, двојната работа, не се сметаат во основна плата туку како додаток на плата. Според синдикатот тоа е неприфатливо и укажуваат на тоа дека програмата досега не е остварена.
Целото интервју за Лидер погледнете го во продолжение.
Comments are closed for this post.