Италија денеска објави дека ќе даде согласност за впловување на францускиот мигрантски брод со 104 мигранти, откако поминаа 11 дена на море.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека бродот „Викинг на океанот“ може да се насочи кон пристаништето Позало на Сицилија, додавајќи дека Франција и Германија се согласиле да прифатат 70 мигранти.
Хуманитарните организации Лекари без граници (МСФ) и СОС Медитеран, кои управуваат со бродот, вчера побараа од Европа да даде согласност за мигрантите собрани во близина на либискиот брег на 18 октомври.
Лидерот на Лигата, Матео Салвини, кој беше министер за внатрешни работи на Италија вкупно 14 месеци, до август годинава, ги затвори италијанските пристаништа за мигрантските бродови и ги остави да чекаат со денови во Средоземното Море.
Салвини денеска ја осуди одлуката да се дозволи впловување на мигрантскиот брод.
Тој рече дека пристапот на новата Влада доведе до зголемување на бројот на мигрантите, кој во септември годинава изнесува 2.498 мигранти во споредба со 947 истиот месец лани. Овој месец пристигнаа 1.854 наспроти 1.007 во октомври 2018 година.
Comments are closed for this post.