Околу половина тон марихуана е запленета во операција со кодно име „Тебра“ во местото Габела Поле, во близина на Чапљина, соопшти Обвинителство на Босна и Херцеговина.
– Акцијата „Тебра“ е дел од активностите на Обвинителството на БиХ и партнерските агенции за спроведување на законот за откривање и разбивање на меѓународните шверцерски канали за трговија со дрога од Албанија, преку Црна Гора, до БиХ и понатаму во Хрватска и други земји од ЕУ, се наведува во соопштението.
Вредноста на запленетата дрога на илегалниот нарко пазар во земјите во ЕУ изнесува околу два милиона евра
Comments are closed for this post.