Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, попладнево изјави дека нема да ја објавува писмената оставка на Никос Коѕијас. Такво барање вчера му упатија од опозициската Нова демократија, но за Ципрас „оставката на Коѕијас е завршена работа“.
Премиерот одговарајќи на новинарски прашања по враќањето од Брисел, рече дека писмото е на девет страници, тоа стасало во неговиот кабинет и додаде дека внимателно ќе го прочита.
„За мене ова прашање е надминато и нема да давам дополнително ништо“, рече Ципрас и додаде дека утре ќе се сретне со Коѕијас за време на примопредавањето на функцијата министер за надворешни работи, која тој ќе ја извршува покрај премиерската.
Церемонијата е закажана за 11 часот по локално време.
Притоа Ципрас ја отфрли можноста за предвремени избори, посочи дека го поминал гласањето за доверба и не мисли да игра лото со предвремени избори.
Исто така, го анулира План Б на Каменос подвлекувајќи дека владата не отстапува од зацртаните цели.
Comments are closed for this post.