Возилото во кое се наоѓал лидерот на косовското Движење „Самоопределување“, Албин Курти синоќа било дел од сообраќајка на автопатот Тирана – Драч, во која за среќа нема повредени.
Според албанските медуми, возилото со кое патувал Курти се судрило со полициско возило а потоа се судриле уште три возила.
– Возилото на претседателот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти имаше сообраќајка во лесен верижен судир во Албанија додфека патувал кон прославата на победата во Тирана. Се е во ред и ниту едно лице не е повредено. Активностите продолжија според агендата и нема место за вознемирување, напишал на Фејсбук портпаролот на „Самоопределување“, Арлинд Манџука.
Курти, чија партија на предвремените избори на Косово на 6 октомври, освои 185 илјади гласови, што е досега најголема поддршка, синоќа престојуваше во Тирана на прославата на победата организирана од партијата „Самопределување“ за Албанија.
Ова е инаку, првпат политичка партија од Косово да слави победа во Албанија.
По прославата тој веднаш замина за Косово, поради, како што рече, обврските што ги има. Што се однесува до најавената средба од страна на албанскиот премиер Еди Рама, Курти рече дека „тоа е само прашање на ден
Comments are closed for this post.