Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Никогаш да не се повтори ваков грабеж и распродажба на националните интереси. Никогаш да не се повтори ваква расипничка, неспособна и измамничка влада. Никогаш да не се повтори Зоран Заев и неговиот криминален картел. Македонија и нејзините граѓани не заслужуваат да бидат потценувани и казнувани заради арамии кои за пусти пари би се откажале од се што е свето. Владата на Зоран Заев и крими ликовите околу него падна. Сега е неопходно обединување за обнова на Македонија. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за Рекет, крвавите тендери, криминалните иновации. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за ниската откупна цена и проблемите со откупот на земјоделските производи, за земјоделците кои во скинати патики работат по нивите додека министерот им доаѓа на протест во брендирана гардероба, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за милионските задолжувања без ниту една капитална инвестиција.
-Сега е време да му се каже на Зоран Заев дека заминува како најголемиот срам на македонскиот народ. Сега е време да им се порача на сите идни корумпирани ликови кои со лаги и измами планираат да дојдат на власт дека народот е мудар и казнува. На Македонија и требаат чесни и честити политичари. На Македонија и треба обнова, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.