Скопје и Тирана уште долго нема да заздрават од шлаканицата која ја добија од Брисел. Иако се шпекулираше дека Зоран Заев, претседателот на Владата на Македонија ќе поднесе оставка по овој неуспех, тој побара предвремени парламентарни избори, во очајнички обид да остане на власт.
Ларис Гајзер, италијански аналитичар и професор по геополитика, кој во низа написи за италијанскиот весник „Ла верита“ откри една од најголемите афери на Балканот, „Рекет“ во кој се вплеткани Заев, Бојан Јовановски познат уште како Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, за српскиот весник „Ало“ тврди дека Заев се обидува да се претстави себеси како жртва на војната која се води внатре во Европската унија (ЕУ).
Тој не покажува нималку волја да преземе одговорност. Вистина е дека блокадата од страна на Емануел Макрон, претседателот на Франција е дел од внатрешната борба во ЕУ околу идната комисија, но истовремено, ако во Македонија имаше владеење на правото без системска корупција поддржна од страна на власта, тогаш државата можеше да се надева на почеток на преговорите. Заев целата земја ја подреди на своите интереси, претворајќи ја во скандалозна машина за корупција. Тој ги надмина дозволените граници. Одлуката на ЕУ е одлука против Зоран Заев, а не против Македонија. Тоа е главната причина поради која Европскиот совет не ја усвои финалната одлука за Македонија, вели во анализата за „Ало“ Гајзер.
Според него, ЕУ не сакала да му даде изговор на Заев да го продолжи своето владењее.
Недобивање датум значи дека нема веќе изговор за останување на власт, наведува Гајзер.
Comments are closed for this post.