Весникот „Лаверита“ објави текст под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев.“, а во поднасловот дополнува: Со стоп на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми. Нова истрага за корупција.
Текстот го пишува: Ларис Гајзер и го пренесуваме во продолжение во целост.
Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација. На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев.
Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев. На сопругот на Ременски, кој под палката на Заев стана шеф на единицата за антитероризам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба – АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК.
Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме во текот на летото, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација – Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки 13, поддржани од политичко-судскиот врв. Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во ноември 2018 година, платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000 евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки 13. Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност. За време на истрагата од страна на „Верита“, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага. Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите. Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев. Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000 евра биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа. Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки 13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки 13. Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк. По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.
Comments are closed for this post.