Кандидатот за претседател на Европската Комисија, Манфред Вебер, изјави дека идентитетските прашања ќе бидат во срцето на изборната кампања за Европскиот Парламент во 2019. Германскиот политичар, ја најави својата кандидатура за највисоката европска функција, но објасни дека за такво нешто претходно ќе требада биде прифатен од неговата политичка група, Европската Народна Партија (ЕПП).
Во разговор со повеќе европски медиуми, Вебер порача дека треба да се има „слух“ за популистичките политичари како Виктор Орбан, Јарослав Качински и Матео Салвини, затоа што поддршката и влијанието што тие ги имаат се реалност во Европа. Затоа, како што смета Вебер, пополезно ќе биде со таквите „популисти“ да се градат мостови, наместо да се настапува со конфронтација.
Comments are closed for this post.