Гордана Силјановска, стратешката соработничка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од областа на право и политички систем, преку Фејсбук се огласи за последните условувања од Бугарија за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.
– „Преспанците” не убедуваа(т) дека сме го забетонирале македонскиот идентитет, ама како лоши „неимари” се покажаа. Како да разградуваа, наместо да градат.
Премиерот, прогласувајќи го македонскиот народ за најголем балкански „историски крадец”, ги охрабри „ограбените” во засиленото оспорување на името, јазикот, нацијата, црквата, Идентитетот. Како да се врати трагичното балканско минато, како да воскресна лошиот дух од 1912-1913, но и од 1941-1944. Тажно е кога тоа се прави во името на евроинтеграцијата и добросооседските односи. Не е добрососедство да условувате и уценувате, наместо да подржувате, напиша Силјановска
Comments are closed for this post.