На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално егзистенцијални проблеми. Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката. Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина, велат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија. Зоран Заев мора да си замине.
Comments are closed for this post.