Но, она што е за мене најважно, а претспоставувам за секој Македонец, но и граѓанин на Македонија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е враќање на македонизмот во Макеоднија и тоа го зборуваме и на претседателските избори, тоа ќе го зборуваме и на овие наши средби тоа ќе го зборуваме и на овие наши средби, тоа ќе го зборуваме и во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбите со граѓаните на Ресен
-Не е ретрограден, не е регресивен оној кој што си ја сака и љуби сопствената нација. Не е регресивен оној кој што се чувствува горд македонец. Не е ретрограден оној кој што за сопствената држава се бори по цена и на сопствениот живот, затоа што тука сите сме се родиле, оваа држава ни дала можност да се образуваме, оваа држава ни дава можност да тагуваме и да се радуваме и најмалку што можеме да направиме за нејзе во овој момент е да ја прашаме и да си го поставиме самите себе тоа прашање, сега што можам јас да направам за нејзе. Денеска луѓето заборавија да си ја чувствуваат татковината како своја. Ако ме прашате зошто, затоа што политичарите ги изневерија, затоа што политичарите ги излажаа, затоа што политичарите тоа што го ветија, во најголем дел од случаевите не го исполнија. И затоа луѓето го изгубија сопственото чувство, патриотскиот дух на родољубие, не веруваат веќе во тоа кое што порано претставуваше светост, а тоа е да се биде Македонец, и тоа беше гордост каде и да се наоѓаш во светот. Гордост беше да си Македонец, тоа е она кое што ќе претставува и ќе има значајно место во нашата програма. Враќање на македонизмот во Македонија, и секаде во светот, онаму каде што живеат Македонците. Не треба да се срамиме од тоа што сме, тоа се нашите корени, треба да се бориме за тоа со гордо крената глава и ни малку нема да не направи тоа регресивни ниту ретроградни, туку напротив, тоа е прогресивност, тоа е родољубие, тоа е патриотизам. Тоа е она што претставува сврзно ткиво помеѓу секој еден припадник на македонскиот народ и граѓани на Македонија
Comments are closed for this post.