Денес сме 2 октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос изјави Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егзистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на некоректниот однос на власта, ВМРО ДПМНЕ ќе учествува конструктивно во предлог измените и ќе побара покачувањето на платите наместо 5 да изнесува 10%.Наместо владата на Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците, вели Стаменковска.
Comments are closed for this post.