За престојните квалификации за Европското првенство во 2020 година, УЕФА соопшти дека одредени држави нема да можат да се паднат во иста група.

Ждрепката ќе се одржи во Даблин, Република Ирска на 2 декември, а во иста група нема да можат да играат Босна и Херцеговина и Косово, потоа Србија и Косово, Ерменија – Азербејџан, Гибралтар – Шпанија и Украина – Русија.

УЕФА сака да се заштити од секакви инциденти и проблеми поради политичките односи помеѓу овие земји. Ждрепката очекувано ќе биде полудиригирана за овие земји да не паднат во истата квалификациска група.