Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, денеска се пофали дека кај нив се јавуваат се повеќе укажувачи. За разлика од пред неколку години кога ваква категорија граѓани не се појавувала, сега веќе ги има и нивниот број се зголемува.
Според Ивановска, досега од укажувачи се поднесени 12 пријави.
Но, таа потенцира дека како Комисија работат на овозможување што поголема дискреција на укажувачите, со цел тие да се заштитат од било какви несакани последици.
Како релативно добар знак за досегашната работа на ДКСК, првата антикорупционерка укажа и на фактот дека досега од поднесените прекршочни пријави биле собрани над 8,5 илјади евра.
Comments are closed for this post.