Комисијата за Статут на ФИФА одлучи дека Кардиф сити треба да му плати шест милиони евра на Нант за трансферот на аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа непосредно по договарањето на тој трансфер.

Комисијата за Статут на фудбалери на ФИФА востанови дека Кардиф сити треба да му пшлати на Нант сума од шест милиони евра, што соодветствува на првата рата од договорот потпишан од двата клуба на 19 јануари 2019 година, за трансфер на починатиот Емилијано Сала од Нант во Кардиф сити. При носењето пресуда, Комисијата целосно ги имаше предвид специфичните околности на трагичната ситуација и затоа одлучи да ги ослободи клубовите од трошоците кон ФИФА – соопштија од ФИФА.

Во период од десет денови Нант и Кардиф сити ќе добијат копија од целосната пресуда, по што ќе имаат можност да се жалат до Трибуналот за спортска арбитража во Лозана.