Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари, Заеви и СДСМ преку Фондот за криминални иновации испумпаа над 10.5 милиони евра пари на граѓаните, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирмата „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација. Апликацијата и идејата се ископирани и украдени од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015 година“, посочи тој.
Тој прашува што е иновативно во украдена идеја за да се доделат 220.000 евра.
„СДСМ е иновативна единствено во крадењето. Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација. СДСМ и Заеви сеуште молчат за сопствеништвото на фирмата Еленица во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот. Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година. Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година. А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018. Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации. Одговорност мора да има за се ова што се случува, и одговорност верувајте дека ќе има“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.