Во последно време вашата држава беше лидер во влевање оптимизам во регионот. И, да, мислам дека одлуката во октомври зависи како ќе бидат решени некои кризи и ситуации во регионот.
Има некои ситуации во регионот, вклучувајќи ја и таа меѓу Косово и Србија. Мислам дека одлуката во октомври во иднина ќе влијае и на тие проблеми. Сакам да кажам дека регионот е поврзан, никој не е целосно независен. Успехот на една држава има влијание врз успехот на друга држава и обратно.
Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за ТВ Алфа.
Секоја држава си останува независна, таков е процесот. Имаме две држави за кои Комисијата предлага да се отпочнат преговори. Затоа некако одат во пакет, но не се. Секоја држава ќе се разгледа независно. Ако има услови за да се оди понатаму ќе се оди независно за секоја држава. Генерално мислам дека за секоја држава од регионот предност е и другите држави да одат напред. И за вашата држава е добро доколку и Албанија започне преговори. Секогаш е добро да имаш соседи кои гледаат напред, кои гледаат оптимистички кон иднината отколку соседи кои се фрустрирани и гледаат назад. Мислам дека целиот регион ќе има бенефит доколку и двете држави отпочнат преговори, мислам дека ќе влее оптимизам во регионот, рече Жбогар.
Comments are closed for this post.