Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија, изјави денес во интервју за „Сител“ претседателот Стево Пендаровски.
Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.
Пендаровски вели дека е неспорна каузата за која се борел Делчев и бара тоа двете страни да го констатираат.
Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?, рече Пендаровски, додавајќи дека не треба да се врши притисок врз членовите на експертската комисија со поставување рокови за постигнување на решение, а тоа му го посочил и лично на Борисов.
Comments are closed for this post.